Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека утре ќе биде разрешена директорката на болницата во Охрид, бидејќи не ја хоспитализирала пациентката од Струга, која почина од коронавирус во текот на вчерашниот ден.
„Да информирам за сега веќе починатата пациентка од струшко која не била хоспитализирана според информациите на инфективното одделение во Охридската болница. Утре директорката ќе биде разрешена, ќе биде поставен нов директор. Денеска на увид се инспектори од државниот инспектират за улогата на другите, и согласно информациите ќе се одлучува понатаму. Во меѓувреме е покрената постапка, апелирам институциите целосно да ја спроведуваат постапката“, рече Филипче.
