Директорот на АМС Наумче Мојсоски, позитивен на Ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорот на Агенцијата на млади и спорт, Наумче Мојсоски, е позитивен на коронавирусот. Тој ова го објави на својот профил на „Фејсбук“.

„Драги пријатели,

Поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на Ковид – 19. Ви моментов немам симптоми, се чувствувам добро и ги следам препораките на мојот доктор.

Чувајте се и почитувајте ги мерките. Пред нас се денови кои досега сме ги празнувале со пријателите, поширокото семејство, надвор од дома. Мојот апел до вас пријатели е да направите се` да го заштитите вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Да празнуваме одговорно“, напиша Мојсоски.

Мојсоски оваа година ја превзеде функцијата директор на АМС од Дарко Каевски, кој стана пратеник.