Директорот на Градската болница „8. Септември“ Христијан Костов, во изјата за ТВ21 кажа дека засега нема најава дека пациенти со ковид-19 ќе бидат донесени во болницата, но дека ако има потреба се подготвени капацитетите.
„Засега немаме најава дека пациенти со ковид ќе се носат од Тетово кон 8-ми Септември, но сме подготвени да примаме коовид пациенти ако има потреба. Подготвени се 10 кревети со кислородна поддршка и медицински персонал. Капацитетот на ковид центарот е 120, а во моментов се хоспитализирани околу 100 пациенти“, рече Костов.
