Предлог законот за системот на платите ги исклучува синдикатите, со што Собранието, Владата и министерството за финансии сами ќе одлучуваат колкави ќе бидат платите на околу 140 илјади вработени во јавниот сектор. Вака сметаат од СОНК од каде бараат предлог законот да се повлече веднаш од електронскиот регистар. Според претседателот на Синдикатот, Јаким Неделков, сега Владата ќе има законско право за намалување на платите, по неуспешниот обид да го направи тоа за време на пандемијата со Ковид 19.
Овој предлог закон според СОНК е противуставен, дискриминирачки и против интересите на колективните договори и работничките права. Некои стекнати права веќе ќе се укинат со колективниот договор. Со ова се елиминира можноста за уредување на платите со колективниот договор, што е спротивно на Уставот на Македонија, вели неделков.
Неделков додаде дека протестите се последна алтернатива.
Од Влада велат дека текстот на законот за системот на платите во јавниот сектор е во фаза на јавна дебата каде секоја заинтересирана страна може да предложи свое мислење и да даде предлог, а додаваат дека истиот не е конечна верзија.
