Се започна од собирот за поддршка на палестинскиот народ против бомбрдирањата од Израел. Намерно или не, Петар Богојески не го видел македонското знаме на овој протест, иако имаше. Потоа почна со серија напади врз религиска основа, а дури порача дека ќе покренел носење на закон со кој би се забранило носење на бурка. Обвинуваше лица од невладиниот сектор дека се радикални исламисти и џихадисти.
Сега, претседателот на политичката партија „Македонски концепт“ Петар Богојески вели дека потикнувал говор на омраза само за социјален истражувачки експеримент. Сепак, Министерството за одбрана покрена дисциплинска постака против него, за која тој не знае.
„Пред министерството одговарам само кога сум во министерство и за задачите кои ги извршувам во министерството. Мојот политички активизам е сосема на страна од мојот професионализам. Дали министерката Шеќеринска застанала позади тие џихадистички групи?“, рече Богојески.
Министерството за одбрана за ТВ21 вели дека е покрената постапка за утврдување на дисциплинска одговорност за јавните настапи на Петар Богојески врз основа на Законот за административни службеници, Кодексот за административни службеници и Етичкиот кодекс на вработените во МО и Армијата.
„Министерството за одбрана не толерира било каква форма на дискриминација а административните службеници во јавните настапи на социјалните мрежи или во каков било друг облик на комуникација, треба да претставуваат пример за соодветно и достоинствено однесување“, посочија од Министерство за одбрана.
Една од линчуваните на фејсбук профилот на Богоески е Мерсиха Смаиловиќ. Таа вели дека тој намерно шири верска и расна дискриминација за политички поени. Додава дека доколку сакал да прави социјални истражувачки експеримент можел да го извести Министерството за одбрана, но и неа и нејзиното семејство.
„Најчесто во вакви случаи вработените ги извстуваат своите работодавци да знаат дека во случај на постапка каква што е сега, тие прават е истражување, и тоа е основна работа за отпочнување на едно истажување што очигледно сега го користи како алиби. Тоа дека е не е рандом или случајно истражување е дека тој мене ме тагира на постови и креира лавина на реакции“, посочи Мерсиха Смаиловиќ – НВО
Од невладниниот сектор велат дека одговорност за ширење на омраза мора да има.
„Не можете да ја избегнете одговорноста дотолку запалите нечија куќа а пота во истрагата да дадете изјава дека сте правеле социјален експеримент“, истакна Џабир Дерала-„ЦИВИЛ“
Ширењето на говор на омраза е казниво со закон. До Министерството за внатрешни работи секојднево пристигнуваат десетици пријави за ксенфобични изјави од различна група на граѓани.
