Дисциплинска за полицајци кои туркаа новинари – судија прекинал боледување за да одлучува за слободата на Мијалков

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Возилата кои го чекаа Мијалков да излезе од затворот, стоеја кај портата. Овде никој претходно не паркирал. Само што се појави кај главната порта на затворот Шутка, неговото обезбедување излезе за да го расчисти патот и не им дозволија на новинарите да му се приближат и да му постават прашање.

Освен неговото приватно обезбедување, за него се грижеше и обезбедувањето од затворот.  Веднаш реагираше ЗНМ  барајќи одговорност од МВР.

„ЗНМ го осудува односот на униформираниот службеник од затворот Скопје во Шуто Оризари кој истурка новинари и сниматели и ги попречи во вршењето на нивната работа при излегувањето од притвор на екс директорот на УБК Сашо Мијалков вечерва пред затворот.  ЗНМ ќе повика и на одговорност од страна на МВР како и Директорот на затворот за крајно непримерниот и недозволив однос од страна на униформираниот службеник кон новинарските екипи на ТВ Клан и А1он“, истакнаа од ЗНМ.

За Мијалков, еден од тројцата членови на судечкиот совет го прекинал боледувањето и се вратил  да гласа за ослободување на екс шефот на тајните служби. За двајца чувари од затворот е покрената дисциплинска постапка по повторното прегледување на безбедносните камери во затворот.

Судскиот совет само ја потврдил гаранцијата од 11 милиони евра како доволна дека Мијалков нема да  избега. Гаранцијата од 11 милиони евра се состои од движен и недвижен имот. Потсетуваме дека екс шефот на УБК,  Сашо Мијалков беше во притвор за  случајот Трезор каде е осуден со неправосилна пресуда на 8 години затвор. Потсетува ме дека министерот за правда, Бојан Маричиќ  побара од судиите да ја  образложат одлуката, врз основа на што гласале за ослободување на Мијалков.