Дивоградбите на Охридско езеро мора да се тргнат, твитна ЕУ амбасадорот Гир и ја означи Стефоска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Охридското крајбрежје не смее да има дивоградби и тие треба да бидат отстранети, напиша на Твитер денес, амбасадорот на ЕУ Давид Гир, а во него ја означи и министерката за култура, Ирена Стефоска.

„Нелегални градби не смее да има на охридското крајбрежје и треба да бидат отстранети. Уникатното природно и културно богатство, признаено од УНЕСКО, мора да биде зачувано. Со заштита на наследството на Охрид, ние исто така инвестираме во туристичката индустрија денеска и утре. Владеење на правото“, твитна Гир.

Охридскиот регион е многу блиску да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност, по последните два катастрофални извештаи на УНЕСКО за урбанистичкиот хаос во регионот.