Дизелот драстично поевтинува – ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,26% во однос на одлуката од 24.11.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,370%, кај дизелот  за 6,738%, кај екстра лесното масло за 6,741%  и кај мазутот намалувањето за 3,944%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4085%

Од 28.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин        ЕУРОСУПЕР БС – 95                  75,00 (денари/литар)

Моторен бензин        ЕУРОСУПЕР БС – 98                             77,00 (денари/литар)

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            70,50 (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               67,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                  34,865 (денари/килограм)

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.