Дизелот во Германија достигна рекордна цена, горивото поскапе и во Италија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Цената на дизелот во Германија достигна нов рекорд, откако просечната цена на литар изнесувала 2,453 евра, покажуваат податоците на Германскиот автомобилски клуб (ADAC), објави денеска „Билд“.

Со тоа, за 0,6 центи е надминат претходниот рекорд забележан во април.

Во меѓувреме, поскапување на горивото е регистрирано и во Италија.