ДКСК отвори предмет по ревизорскиот извештај за ИЈЗ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет по сопствена иницијатива за наодите од ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за Институтот за јавно здравје.

Од ДКСК соопштија дека ќе ги проверуваат наводите за можни неправилности, злоупотреба на службена положба, судир на интереси и коруптивни ризици во работењето на институцијата.

Во ревизорскиот извештај се наведуваат спорни набавки на медицинска и ИТ-опрема, телекомуникациски услуги платени по значително повисоки цени, како и кабел вреден 15.000 евра за кој нема податоци каде се наоѓа.

Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, изјави дека најголем дел од утврдените неправилности се однесуваат на периодот пред нејзиното доаѓање на функцијата и изрази очекување надлежните институции да постапат по наодите.