Дневен хороскоп за петок (22.09.2023)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Oвeн

Ништо денеска не може да ве спречи на професионален план, иако се вложиле голем напор и голема енергија. Денеска опуштете се во заеднички моменти со партнерот. Правете планови за викенд. Здравјето е многу добро.

Биĸ

Би требало да бидат внимателни при носење на одлуки затоа што сте наклонети кон лоши проценки. Овој ден ви носи многу добри и позитивни вибрации во кои поголемиот дел од вас би требало максимално да ужива. Шетајте во природа.

Близнaци

Одредени околности денеска би можеле да ви одат од рака, да ги прилагодите на себе и својот начин на делување, особено кога е во прашање комуникацијата. Ова е добар ден да покажете дека сте заводник. Бидете весели, шармантни и пред се уживајте. Здравјето е одлично.

Paĸ

Изморените со нетрпение ќе чекаат да заврши последниот ден од работната седмица и да прават планови за викенд. Би било добро да не покажувате знаци на замор пред саканата личност, која со нетрпение чека да и се посветите. Но, физички сте уморни.

Лaв

Не е поволен ден упорно да инсистирате на почнување нешто ново, само ќе се враќате чекор назад. Бидете трпеливи. Овој петок е поволен за дружба со пријателите, па би можеле убави моменти да поминете во некој провод, заедничко излегување. Можеби ќе добиете и некој корисен совет. Здравјето е добро.

Дeвицa

Успешно спроведување кон крај на започнатите обврски. Проверете од документите да не останало нешто незавршено. Немојте премногу да се оптоварувате со минатото и со тоа што би било кога би било. Посветете се на плановите за иднината. Потребно ви е повеќе сон и одмор.

Baгa

Иако денеска околностите би можеле да бидат комплицирани, упорни сте да остварите успех. Немојте да се откажувате од своите идеји, колку и да имате препреки. Убав љубовен ден е пред вас доколку се ангажирате и максимално се потрудите кон саканата личност. Одлично е здравјето.

Шкорпија

Немате доволно трпение и лесно влегувате во расправии и конфликти на работното поле. Околностите не ви се наклонети. Ве очекува поволен ден во комуникација со личноста која ви е емотивно важна. Потрудете се да го искористите денови на најдобар можен начин. Водете сметка околу исхраната.

Стрелец

Нешто опуштена завршница на оваа работна седмица, а можно е да наплатите некои долгови од минатото. Многу убав ден може да очекувате на љубовното поле, доколку сте решиле некоја своја конкретна акција да ја спроведете на дело. Уживајте и бидете во свој фазон. Одлично е здравјето.

Japeц

Со веќе планирани и договорени обврски за денеска, можно е да ви се наметнуваат и дополнителни. Бидете трпеливи и истрајни, не може лесно да се изморите. Љубовната сфера би можела за многумина да биде во втор план. Не дозволувајте обврските да ви ги расипат веќе договорените планови Главоболка е можна.

Boдoлиja

Уште еден добар работен ден е пред вас, без поголеми предизвици и ќе се изборите со сите пречки кои би можеле да се ви се појават на професионалниот пат. Имате целосна поддршка и доверба од соработниците, особено оние постарите. Може да очекувате некое пријатно изненандување кое доаѓа од љубовното минато. Имајте повеќе сон.

Pиби

Иако би можело да ви се чини дека сте затрупани од работа, ќе успеете да ги завршите сите обврски онака како што сте планирале. Денеска би требало да покажете флексибилност на љубовното поле и се ќе биде многу подобро. Замор, исцрпеност.