Дневен хороскоп за петок (7. февруари 2020)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОВЕН

Работа: Водете сметка околу комуникацијата во работното опкружување затоа што ќе бидете наклонети кон конфликти.

Љубов: Можно е под необични околности да сте запознале личност која ви се допаѓа.

Здравје: Водете сметка околу мастите.


БИК

Работа: Можно е да сте успеале да ја подобрите организацијата на работното поле и сега од тоа да имате добри резултати.

Љубов: Надевајте се на позитивни околности во односот со партнерот.

Здравје: Ќе ви годи спортување.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Водете сметка околу тоа колку време поминувате на работа и колку навистина сте посветени на обврските.

Љубов: Ви се допаѓа некој со кој сте имале заеднички пријатели од порано.

Здравје: Можна кашлица и проблеми со дишните патишта.


РАК

Работа: Позитивните околности на работното поле ви почнуваат во следниот период. Подготвени сте за нови понуди.

Љубов: Очекувајте интересно познанство со личноста со која ќе сакате да влезете во врска.

Здравје: Внесувајте повеќе витамини.


ЛАВ

Работа: Работата не ви е на прво место и сега нема да сопрете додека не ги остварите своите цели.

Љубов: Ве очекува убава и романтична атмосфера денеска. Препорака е да се посветите на емоциите.

Здравје: Добро се чувствувате.


ДЕВИЦА

Работа: Ако се занимавате со приватна работа, ви доаѓа фаза во која ќе успеете да остварите подобрување.

Љубов: Ве очекува одлична атмосфера и добра комуникација со нов познаник.

Здравје: Внимавајте на исхрана, проблеми со варењето на храната.


ВАГА

Работа: Може да се надевате на позитивни околности и прилика да остварите подобрување.

Љубов: Нема долго да бидете осамени, ви се укажува шанса за некоја нова врска.

Здравје: Водете сметка околу синусите.


ШКОРПИЈА

Работа: Ќе бидете задоволни од остварувањето на работните цели. Пред вас е добар период.

Љубов: Надевајте се на стабилна ситуација со личноста која ви значи.

Здравје: Наклонети сте кон дебелеење.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Може да очекувате дека ќе имате разрешување на дилемите кои ве мачеле во претходниот период.

Љубов: Можно е да имате погрешна слика околу личноста која ви значи.

Здравје: Вртоглавица и проблеми со притисокот.


ЈАРЕЦ

Работа: Нетрпеливи сте и не ви е лесно да почекате на разрешување на работната ситуација која ве мачи.

Љубов: Ви се допаѓа личност која не ви е лесно достапна или која живее некаде далеку. Ве очекува комплицирана врска.

Здравје: Посетете лекар.


ВОДОЛИЈА

Работа: Ве очекува добра атмосфера на работното поле. Не би требало да имате потешкотии.

Љубов: Можност да влезете во нова врска е пред вас. Ве очекува поволна фаза.

Здравје: Нема проблеми.


РИБИ

Работа: Некои нови вести ќе добиете. Ви доаѓа шанса да решите некој правен процес.

Љубов: Ако сте во врска, може да очекувате мали пречки и несогласувања со партнерот денеска.

Здравје: Ќе ви годи масажа.