За време на пандемијата зголемен е бројот на корисници и користење на услугите на мобилните оператори. Бројот на корисници на интернет е зголемен во 2020 за 7, 8% и во 2021 за 9,8 % споредено со 2019-та. Потрошувачката пак на фиксниот интернет има раст од 67,4 % во однос на 2019-та, а во 2021-ва 144,5 %.
„Сега сме во една фаза на преговори за намалување на цените во ЕУ. БИХ се медијатори помеѓу Балканот и Еу и се очекува до 2027 да има сериозни намалувања на цените или бесплатен роаминг“, вели Јетон Акику.
15 градови освен Скопје се покриени со 5ЏИ, покриеноста инфраструктурно на Скопје ќе заврши до крајот на мај.
„По закон ако се јават помалку или точно колку што се нудат фрекфенции, тогаш не се оди на тендер ,туку се добива согласност од владата за цената и се оди на директна продажба на опсезите на операторите. Верувам дека во текот на наредниот месец тоа ќе се реализира, па операторите ќе можат тогаш да пуштат 5Г“, додаде Јетон Акику .
Според глобалниот извештај за интернет корисници, 6 од 10 луѓе во моментов користат интернет, односно 60% од населението. На Балканот, Косово има најголема, а Албанија најмала стапка на интернет-корисници, покажува извештајот насловен „ДИЏИТАЛ 2022“, објавен од „Датарепортал“ (DataReportal). Во Северна Македонија стапката на употреба на интернет од почетокот на 2022 година изнесува 84 проценти од вкупното население.
