Добиваат стотина повици – вработени во општина Чаир носат лекови до дома

НАЈНОВИ ВЕСТИ

А.Ќ.: Ало, добар ден. Ние сме вработени во општина Чаир, на ваша услуга за лекови.

Граѓанка: Ми се скрши шишето од ќерка ми, можете да ми донесете?

А.Ќ.: Сега ќе ви дадам контакт со вработен од аптеката.

Аријанит Ќерими заедно со неговиот колега, Музафер Речи разнесуваат лекови за граѓаните на кои им се потребни, а кои не можат да излезат поаради полицискиот час.

Телефонот не престанува да ѕвони, вчера имале  вкупно 250 повици.

По добивање на повикот, земаат пари од граѓаните, им ги купуваат лековите и им ги носат дома.

Еден од повиците беше од граѓанин на населбата Серава.

Граѓанин: Еве парите.

МР: Ние ти ги носиме лековите со фискална сметка, одиме и ги земаме.

Новинарка: Што побаравте?

„Неколку лекови кои морам да ги земам. Немавме можност да ги земеме пред да почне полицискиот час и одлучивме да ја искористиме услугата на Општина Чаир“, вели Албан Ахмети.

Аријанит Ќерими вели дека од 10 до 20 часот имале 250 повици, на 40 лица им однеле лекови, а другите повици биле од други општини.

„Имаше многу работа. Но не не изморува работата за нашата општина Чаир и за нашите жители. До сега имавме 20 повици, 8 од нив ги услуживме. И во овие моменти продолжуваат повиците“, истакна Аријанит Ќерими.

Фармацевтот Буњамин Статовци вели дека аптеката во која работи тој е снабдена со доволно лекови.

„Најмногу граѓаните бараат основни работи кои им требаат, хронична терапија или акутна препишана од матичен лекар“, додава Буњамин Статовци.

Инаку поради полицискиот час, граѓаните на кои им е потребна храна или лекови можат да направата нарачка и на броевите за контакт објавени на официјалните страни на секоја општина.