Додека македонска натпреварувачка настапуваше на ОИ во Париз, МТВ даваше снимка од велосипедизам!?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонската натпреварувачка Анастасија Мојсовска утрово настапуваше во дисциплината воздушна пушка на 10 метри. И додека Мојсовска го имаше својот настап на игрите, македонските гледачи ја немаа таа можност да го гледаат овој настап во живо.

Македонската телевизија која ги има правата за пренесување на Олимписките игри, се реши да дава најпрво пукање со воздушен пиштол на 10 метри мажи, а да биде уште почудно, по завршувањето на оваа дисциплина, и додека Мојсовска и натаму се натпреваруваше во квалификациите, од јавниот сервис ни „сервираа“ снимка од друмски велосипедизам, настан кој се одржуваше вчера.

Нејасно е зошто МТВ не се одлучи да го емитува настапот на нашата натпреварувачка, а исто така во тие мигови имаше и други спортови како на пример женски ракомет помеѓу Бразил и Унгарија, како и одбојка, но од македонскиот јавен сервис се одлучија да пренесуваат снимка од натпреварување вчера? И тоа на двата канали, и на МТВ1 и на МТВ3 одеше истата снимка од велосипедизам хронометар.