Се што е во интерес на граѓаните повисоки, плати, пензии, субвенции ќе поддржат за останатите прашања, кое како што велат, е во интерес на поединци од власта, пратениците на опозицијата ќе продолжат со блокада во Собранието.
Продожува блокадата до одржување на предвремени парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата активно ќе го блокираат парламентот.
Мицкоски најави дека многу скоро опозицијата ќе излезе со амандмани во парламентот. Дел од нив ќе бидат произлезени од потребите на граѓаните. Очекуваат од страна на владата одговорсност и зрелост да ги поддржи, а не како сучајот со заемот од Светска банка.
-Нешто што не е случај со заемот од Светска банка. Тоа е заем од 63 милиони евра. Го почна во 2021 година владата на СДСМ мислејќи дека ќе победи на локалните избори. Секоја општина зависно од големината добива определана сума на пари од Светска банка потребни за подобрување на инфраструктурата во таа општина. Но, се случи тоа што се случи дебакл и истата таа СДСМ што можеби е прв случај во светската политика го кочи тој заем, рече Мицкоски.
Мицкоски ги повика Џафери и Ковачевски да се надминат себес си, да ја надминат фрустрацијата и да ја стават на дневен ред точката за жителите на општините да добијат асфалтрани улици. За ова обвинување на лидерот на опозицијата побаравме одговор и од влада, но до овие вести не добивме. Активната блоката во Собранието од страна на опозицијата започна на 10-ти мај.
