Договорот меѓу САД и Иран драстично ја намали цената на нафтата на светските берзи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За околу 4 проценти паднаа цените на нафтата на светските берзи, по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека е постигнат мировен договор со Иран.

Згора на тоа, Трамп најави дека САД ќе ја прекинат поморската блокада на иранските пристаништа, и дека ќе има слободен проток на комерцијалниот сообраќај низ Ормутскиот теснец.

Суровата нафта од типот „брент“ паднаа за 3,9 проценти, и се продава за околу 84 долари за барел, додека цената на американската сурова нафта падна за 4,8 проценти и изнесува 81 долар за барел.

Цената на нафтата падна под 90 долари за барел што беше првпат од првата недела на воната, јавуваат медиумите во САД. Сепак, како што наведува „Си-Ен-Ен“, има уште долг пат пред себе додека се врати на цената под 70 долари за барел.

Светските пазари реагираат позитивно на напредокот со ситуацијата на Блискиот Исток, но ќе мора да помине уште многу време додека се врати протокот на сурова нафта во нормала.

Според поголемиот дел од аналитичарите, за да се постигне сето тоа ќе биде потребно извесно време, што ќе се рефлектира и на цените на нафтата кои, велат, уште подолг период ќе останат високи.