„Докажано е дека казните не се механизам за почитување на законот“ – Сали: Оние кои не го почитуваат законот за правична и соодветна застапеност ќе бидат отпуштени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Оние кои не го почитуваат законот за правична и соодветна застапеност ќе бидат отпуштени, изјави првиот вицепремиер, Беким Сали, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Меѓу другото, Сали рече дека ако некоја институција не е правилно управувана, во истата се назначуваат нови луѓе.

Сали дополнително нагласи дека финансиските казни не се механизам за почитување на законот.