Доктор од Прилеп кој работи во Психијатриската болница во Демир Хисар позитивен на коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Доктор од Прилеп кој работел во Психијатриската болница во Демир Хисар по направен тест е позитивен на коронавирус, дознава ТВ21.

Според информациите, најверојатно докторот е од кластерот на првозаразениот во Прилеп, со кој имал претходно контакти.

Докторот работи во Психијатриската болница во Демир Хисар и една недела иако имал симптоми бил на работно место. Бил шеф и под свое раководство имал три одделенија во болницата.

„Потврден е доктор психијатар што работел во Психијатриската болница во Демир Хисар. Тој е асимптоматски, меѓутоа имал позитивна семејна анамнеза епидемиолошка. Направен е тестот и тој е позитивен, а со оглед на тоа дека бил во комуникација со колегите направени се епидемолошки анкети и преземени се мерки за самоизолација“, потврди министерот Венко Филипче.

Во Психијатриската болница во Демир Хисар има над 300 пациенти и исто толку и вработени.