Докторката од Инфективната клиника која прва ја прими вакцината, и со тоа започна имунизацијата во Македонија, истакна дека се чувствува одлично, и препорача на сите да ја примат.
„Се чувствувам одлично. Можам да препорачам секој од вас , да ја прими вакцината. Тоа е единствен начин да се заштитиме од овој тип на инфекција. Цел Свет се бори, па така и ние“, рече докторката од Инфективна.
„Веќе е закажан терминот кога треба ја примам втората вакцина. Тоа е за 21 ден. Имунитет се стекнува веќе по 2-3 недели“, истакна таа.
