Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска престојува во посета на Ријад, во Кралството Саудиска Арабија.
Во составот на делегацијата се и координаторите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Мицевски и Оливер Спасовски, како и заменик-координаторот на ВЛЕН, Аднан Азизи.
Во рамки на посетата, делегацијата предводена од Гаши ќе оствари средба со неговиот колега, шеикот д-р Абдула бин Мухамед бин Ибрахим Ал-Шеик, претседател на Советодавниот совет (Шура), како и со пратеници и членови на Групата за пријателство.
Делегацијата ќе присуствува и на пленарна седница на Советодавниот совет (Шура).
