Полицијата и разузнавачката служба на земјава, под раководство на Обвинителството, спроведуваат акција во скопскиот регион. Според првичните информации, приведени се неколку лица под сомнение за извршување кривични дела поврзани со тероризам.
Како што соопштија од Обвинителстовото, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), на територијата на Скопје се спроведува акција на МВР и АНБ на повеќе локации. Приведени се неколку лица под сомнение за извршување кривични дела поврзани со тероризам. По завршувањето на акцијата, јавноста ќе биде информирана, велат од Обвинителството.
