Долги чекања на печалбарите на граничните премини – Министер за дијаспора: Има иницијатива за отворање посебна лента

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Долгото чекање на границите на државата е најголема грижа на иселениците кои доаѓаат во татковината за новогодишните празници. Секогаш има ветувања дека ова прашање ќе се реши, но досега решение на терен нема. Министерот без ресор задолжен за дијаспората, Џемаил Чупи вели дека имаат план за овој проблем.

„Имаме многу сериозна иницијатива за отворање на посебна лента само за нашите граѓани од дијаспората“, вели Џемаил Чупи.

Што се однесува до недостигот од инвестиции од страна на иселениците во Македонија, Чупи ја наведува недовербата во државните институции.

„Враќање на довербата на иселениците од нашата дијаспора во државните институции, кога велиме државни институции мислам во целост и ако успееме да им ја вратиме довербата и да ги убедиме дека сме на вистинскиот пат и дека ќе излеземе во пресрет на нивните барања“, додава Џемаил Чупи.

Покрај тоа што се иселени пред неколку децении не се враќаат со никаква инвестиција, масовната миграција продолжува и кај помладите генерации.

„И сега кога сме соочени со напуштање на земјата, ние сме тие кои мора да преземеме конкретни мерки за да ја запреме оваа миграција“, порача Фатмир Дехари.

Министерот Чупи не бил информиран за точниот број на иселеници во дијаспората и за бројот на млади кои аплицираат за работни визи, но рече дека според статистиката од пописот на населението, бројката е висока.

„Албанско-македонскиот сооднос на последниот попис е некаде помеѓу 65 и 35%, што значи дека приливот на Албанци во миграција е многу поголем“, вели Џемаил Чупи.