Долгот на општината ја спречи аукцијата – ќе се конфискува аудито на Мерко

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради извршна постапка за стар долг од 1,4 милиони денари на Општина Струга, беше спречена продажбата на службениот автомобил Адуи А6, кој требаше да се стави на аукција на 16 март.

Средствата од продажбата требаше да се користат за купување на комбе кое ќе се користи од спортските клубови и од центри за деца со посебни потреби.

Општина Струга информира дека претседателот на општината, Менди Ќира, е во комуникација со вклучените страни со цел процесот да заврши во интерес на граѓаните.

Автомобилот, Ауди А6, кој беше купен од Општина Струга за 67.000 евра за време на мандатот на Рамиз Мерко, предизвика јавна дебата поради тоа што беше купен кога општината имаше блокирани сметки.

Против Мерко имаше судска постапка, при што Судот во Струга одлучи дека тој не е виновен за купувањето на луксузниот автомобил.

Автомобилот требаше да се продаде на 16 март со почетна цена од околу 21.800 евра.