Домаќинките од Синичане тешко се снаоѓаат – подготовките и чистењето за Бајрам, без вода

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Додека горе се одвиваат протестите, во Синичане владее тишина која е вообичаена за ова село. Ние ќе зборуваме со неколку домаќинки за да ги прашаме со какви тешкотии се соочуваат при подготовките за Бајрам без вода..“, вели репортерката на ТВ21.

Недостигот на вода уште толку им го отежнува секојдневието на домаќинките.

„Да, без вода или со вода полнета се подготвуваме, а потоа има многу садови за миење, тешко е. За Бајрам се мачиме без вода, се мачиме да миеме но и теписите и другите работи ги носиме таму каде што мијат за пари. Тешко е бидејќи сите работи почнуваат и завршуваат со вода“, истакна жителка.

Најголемиот дел од денот Синичане е без вода. А кога ќе дојде вода, не е чиста и не може да се користи ниту за чистење.

„Со оваа крпа што ја користиме, еве колку ѓубре има. Колку подолго стои кај чешмата толку повеќе отпадни води ќе има. Оваа вода ние не можеме да ја користиме за пиење“, вели жителка.

Проблемот со водата за пиење во Синичане е стар со децении велат жителите. За вода за пиење жителите трошат многу за да купат вода, а за другите потреби полнат од биските извори во Тетово и Боговиње. Синичане се наоѓа во општина Боговиње, населено е главно со Албанци и брои околу 500 куќи.