„Домашната економија осакатена“ – Адеми: Партизацијата на општеството прави голема штета

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Македонија владее осакатена економија. Ова синоќа во „Клик Плус“ го изјави економскиот аналитичар, Висар Адеми. Според него, економијата не мрдала ниту милиметар напред од 1991 година, а како што додава, виновни за тоа се политичките партии.

„Граѓанинот денеска мора да оди во „огнената група“, мора да оди кај „Ахметовиот дух“, па дури има и пратеник кој ги полни салите за да може да ја артикулира потребата вработувањето да биде рамноправен дел од ова општество. Затоа, денес имаме луѓе кои ги гледаме во полна сала, бидејќи единствен начин да се оди напред е преку партиите. Затоа велам дека партизацијата на општеството направи голема штета“, вели Висар Адеми.

И аналитичарот, Сефер Селими вели дека никој во Македонија не може да биде успешен без да има пристап во некоја партија.

„Еден млад човек за да се вработи…сон на еден млад човек е да се вработи во јавниот сектор. Дали знаеш зошто!? Затоа што знае дека има удобноста што ја дава партијата кога ќе се вработи. Создаден е менталитет, создадена е идеја дека – јас го заслужив тоа работно место, затоа што му ставив „лајк“ на претседателот, „споделив“ пост на претседателот, а порано се лепеа постери. Таков е менталитетот“, порача Сефер Селими.

Но, министерот за економија, Крешник Бектеши, порачува дека е време за квалитет и дека капиталните проекти на оваа Влада се интензивираат.

„Со оваа Влада се интензивирани сите проекти. И сакам да бидам реален. Јас и Бујар, и малку Насер сме и од претходната Влада. Приоритети на оваа Влада се интензивирање на реализирањето на капиталните проекти, вклучувајќи го и Коридорот 8. Тоа што го кажа Висар е точно, има грешки. Мое мислење е дека главниот фокус е ставен на квантитативниот дел во приватниот, а особено во јавниот сектор. Правичната и соодветна застапеност. Сега е време за квалитет“, порача Крешник Бектеши.

Бектеши додаде дека токму интеграцијата на земјата во ЕУ и мерките што се преземаат се во духот на борбата против разните монополи и дискриминација, појава, која според него, во земјава е присутна со години наназад.