Платформата преку која ќе се реализира мерката за ваучери за домашен туризам од страна на Владата официјално е пуштена денеска.
Граѓаните можат да проверат дали се добитници на ваучерот за туризам во вредност од 6.000 денари преку страната www.domasiedoma.gov.mk.
Оваа мерка предвидува сите вработени граѓани кои имаат приходи кои не надминуваат 15.000 денари месечно да добијат ваучер од 6.000 денари кој ќе можат да го искористат во домашните туристички објекти, но и платежна картичка од 3.000 денари која ќе може да ја користат во сите угостителски објекти во државата.
Ваучерите за одмор во домашните туристички капацитети ќе можат да се користат од 15 јули 2020 година до 15 декември 2020 година.