По вчерашната оставка, Вучиќ ѝ ја предаде претседателската функција на Ана Брнабиќ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Александар Вучиќ, кој синоќа поднесе оставка на функцијата претседател на Република Србија, денеска ѝ ја предаде должноста на претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, која ќе биде вршителка на должноста претседател.

„Никогаш досега не сме имале таков претседател и Србија никогаш повеќе нема да има претседател кој толку многу се борел и кој бил толку посветен, оставајќи сè настрана за доброто на Србија“, изјави Брнабиќ по примопредавањето на должноста.

Таа додаде дека Вучиќ од денеска започнува „одлучна и нова борба за одбрана и зачувување на Србија“.

„Јас ќе ја чувам оваа должност со сите свои сили, сè додека народот не го избере следниот претседател“, рече Брнабиќ.

Во согласност со Уставот, Брнабиќ може да ја извршува функцијата вршителка на должноста претседател на Србија најмногу 90 дена.