Доналд Трамп најави царини од 100% за филмови продуцирани надвор од САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување на царина од 100 проценти за сите филмови произведени надвор од Соединетите Американски Држави и ги обвини странските влади дека ја загрозуваат американската филмска индустрија со субвенции и даночни олеснувања.

Во објава на платформата Truth Social, Трамп рече дека американското кино „брзо умира“ поради „координираните напори на другите нации“ за привлекување продукции, пренесува Ројтерс.

„Тоа е и закана по безбедноста, бидејќи станува збор за пораки и пропаганда“, рече Трамп и додаде дека им наложил на Министерството за трговија на САД и на другите надлежни тела веднаш да ја започнат постапката за воведување нова трговска мерка.