Помина еден месец откако Дебар беше целосно изолиран и беше прогласена вонредна состојба. Се очекува утре Владата на седница да донесе одлука дали ќе продолжат мерките. Градоначалникот на Дебар Хекуран Дука вели дека граѓаните во текот на овие недели ги почитувале владините мерки во целост.
„Мислам дека сме на крајот, но треба оваа битка да продолжи до самиот крај. Можеби ќе дојде тој ден и дека е блиску овој регион околу Дебар да нема ниту еден случај на заразен со коронавирус. Но треба да бидеме ограничени со полициски час треба да бидеме внимателни да не ни дојдат заразени лица од други региони“, истакна Хекуран Дука.
Во Дебар веќе една недела нема ниту еден нов случај на заразен со овој вирус. Утре се очекува резултатот од 6 лица на кои им е земен брис.
„Земени се 6 брисеви или 8 други тестови кои се испратени вчера, чекаме резултатите какви ќе бидат. Во целина се забележува стабилност на состојбата, впечатокот е дека има стабилност. И пациентите кои бараат помош кои се сомневаат дека имаат симптоми на Ковид-19 во општата болница во Дебар се сведени на минимум“, додава Дука.
Бројот на заразени со Ковид-19 останува 49, од нив 4 починале. Во моментов 29 се на домашно лекување а 180 во домашна изолација.
