Дождот ги „преплаши“ скопјани – до полноќ ги чистеа подрумите и улиците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Врнежите од дожд можеби ќе ги израдува земјоделците, но не и скопјани кои кога врне, со метли и кофи ја чистат водата од домовите и канализацијата.

„Еве што направи Град Скопје. Пластичарска, поплава“.

Во ваква состојба беа и булеварите „Никола Карев“ и „Јордан Мијалков“. На двата булевара во последно време се работеше од страна на Град Скопје, но како што се чини има некаков проблем со канализацијата.
Дел од граѓаните што ги анкетираше ТВ21, велат дека веќе подолго време имаат проблем со канализацијата, но откако бил изграден булеварот „Никола Карев“, состојбата се влошила уште повеќе. Се сомневаат дека на почетокот на булеварот е блокирана мрежата, па затоа водата не се слева во канализацијата.

„И порано имаше ист проблем, но сега не знам, дали е направена некоја грешка долу каде што се поврзува, водата останува и тече по улиците“, вели жител.
Новинар: Дали ви влегува дома?
„Не, дома не влегува, но кога ќе се насобере поголема количина стигнува до другите населби, особено до едно маало што е тука. Сѐ таложи таму. Добро што се направи улицата, но не знам каква грешка е направено“, вели жител.

„Сега многу добро го средија, но тогаш кога бевме на состанок ви кажав дека од Бутел што доаѓа, од Серава, од Шутка, на едно место се поврзува. Кога водата ќе надојде од долу, многу се собира. Од ромското маало како доаѓа водата, со отпад, со сѐ, тука се полни и се слева во оваа населба. Јас 40 години сум тука, но никогаш не било вака. Сега се појави овој проблем“, истакнува жител.

Со ваков проблем се соочуваат и други населби во Чаир, кој настанува како резултат на  преоптовареност на канализационата мрежа. Проблемите со канализацијата по врнежите, претставуваат дополнителна работа и за службите на Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“, кои цела вечер и утро ги чистеа сливниците.