Вонредната состојба не ги спречи двете најголеми политички партии за меѓусебни обвинувања, кој што и како направил за граѓаните.
Од утрово до 12 часот и од двете партии испратени се повеќе од пет соопштенија и реакции од спротивниот табор на истите соопштенија.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивните предлози Владата воопшто не ги разгледува.
Од СДСМ велат дека предложените мерки опфаќаат голем број на граѓани погодени од кризата, а не како мерките на ДПМНЕ кои според нив опфаќаат селективни граѓани и носат помалку пари во стопанството.
Додаваат дека со неприфаќањето на нивните мерки, владата ги лишува од директна помош компаниите и вработените за субвенција до 50 проценти за бруто плата по вработен или парична помош најмногу до 27 илјади денари по вработен.
Од СДСМ пак додаваат дека при донесувањето на мерките внимавано е да се води сметка за секој граѓанин, потенцирајќи дека најмалку 250.000 работници и 35.000 компании се загрозени во овие моменти поради пандемијата на коронавирусот.
