Драма на украинско-руската граница – вооружени лица се обиделе пробале на сила да влезат во Русија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Три вооружени лица се обиделе на сила да ја поминат украинско-руската граница.

Во инцидентот имало и пукање, а еден од напаѓачите настрадал, соопшти руската Федерална служба за безбедност (ФСБ)

Како што се прецизира, напаѓачите отвориле оган откако пограничната служба пробала да ги уапси.

„Едно лице им подлегна на повредите, додека пак две лица се сокрија некаде на територија на Украина“, стои во соопштението.

Засега нема информации за тоа кои се напаѓачите и што стои зад овој напад.