ДРАМА ВО КРАГУЕВАЦ: Се запалил камион со плински боци, една експлодирала

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Камион со плински боци се запали кај Крагуевац.

Камион што превезувал плински боци се запалил на автопатот „Крагуевац-Баточина“ кога експлодирала една од боците.

Сообраќајот набрзо бил затворен неколку часа, а огнот го изгаснале четири противпожарни возила. Во несреќата нема повредени, пожарот е локализиран, а сообраќајот е овозможен.

Зоран Кочовиќ, раководител на Управата за вонредни состојби, истакна дека истрагата е во тек.