Драма во Лигата на шампиони: За Барса доволно едно полувреме, Јувентус избега од пропаст!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повеќе од возбудливо беше на вечерашните натпревари од Лигата на шампионите од 21 часот, на кои се сретнаа големи имиња како Јувентус, Барселона, ПСЖ и Салцбург. Првата половина од четвртото коло во Лигата на шампионите заврши, а од групите Е, Ф, Г и Х, четири екипи веќе обезбедија пласман во осминафиналето.

Челзи и Севилја најпрви го сторија тоа со победи со голови во судиското финале, а потоа Барселона го обезбеди пласманот со победа на гостувањето кај киевски Динамо.

Фудбалерите на Барселона го совладаа Динамо во Киев со 4: 0 во натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите. Во Киев немаше голови во првото полувреме (единствениот натпревар денес), но затоа Барселона распука во продолжението.

Барса играше без Лео Меси, а поведе со голот на Дест во 52-та минута. Брајтвејт зголеми во 57.минута, а потоа искористи пенал во 70.минута.

Конечниот резултат го постави Гризман во судиското надополнување.

Јувентус со многу мака успеа да го совлада Ференцварош во Торино со 2: 1.

По четири одиграни кола, Барселона има 12 бода, Јувентус 9, Динамо еден, колку што има и Ференцварош.

Standings provided by SofaScore LiveScore