Драма во Тетово: Му помогнала на брат и да украде 400.000 франци од нејзиниот сопруг – а потоа на братот му ги одзела средствата и заминала

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Секторот за внатрешни работи Тетово, до Основното јавно обвинителство Тетово, поднесе кривична пријава против А.Х.(65) од Тетовска Мала Речица и нејзиниот брат С.С.(56) од Босна и
Херцеговина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Двајцата се сомничат дека во периодот од 4 до 8 јуни годинава, А.Х. му помагала на нејзиниот брат С.С. да украде 400.000 швајцарски франци од А.Џ.(80) од Мала Речица, кој е нејзин сопруг и да
избега во Босна и Херцеговина.

По пријава на случајот во СВР Тетово, А.Х. исто така, заминала во Босна и Херцеговина и од нејзиниот брат ја одзела комплетната сума, по што заминала во Швајцарија.