Драма во трговски центар во Германија: Маж се заканувал со нож, луѓе во паника бегале

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Четириесет и деветгодишен маж во четвртокот вечерта со кујнски нож им се заканувал на луѓето во трговски центар во Дуизбург.

Според извештаите на „ВАЦ“ и „ВДР“, инцидентот се случил околу 19 часот во трговскиот центар „Марктфорум“.

На снимките од инцидентот кои кружат на социјалните мрежи се гледаат драматични сцени.

На снимката се гледа како човек со нож оди низ трговскиот центар, додека минувачите врескаат во паника. Околу шест до седум мажи се соочиле со него користејќи билборди, знамиња и кутии со зеленчук. На крајот го турнале зад шалтерот во продавница за тутун, каде што го оставил ножот и се предал.