Македонската ракометна репрезентација во драматичен натпревар ремизираше со Австрија во првиот натпревар во главната фаза на Светското првенство. Вечерва во Вараждин, Македонија пропушти шанса и за победа, и за поголеми шанси за пласман во 1/4 финалето, но и да загубат, затоа што Австрија имаше предност на четири секунди до крајот. Меѓутоа Кузмановски од 11 метри шутираше и го даде голот за еден бод.
Македонија одигра одлично прво полувреме во голем дел од првите 30 минути, се стекна и со предност од +3 голови разлика. Но, пад на концентрација во одбраната и неефикасен напад, придонесоа Австрија не само да го стигне резултатот, туку и со гол во последната секунда на полувреме да замине со предност од 14-13.
Драматичната разврска на натпреварот продолжи во вториот дел, кога двата тима се менуваа во водство, но никој не се стекна со поголема разлика и не го „затвори“ предвреме натпреварот.
Клучните моменти беа во последните секунди, кога Македонија имаше пенал за предност, но Кузмановски го промаши, па гол на Австрија за предност. Македонија стигна до „егал“, а на осум секунди до крајот Австрија постигна гол со 29-28. Сепак, во последниот напад Кузмановски шутираше од далеку, па грешката на голманот на Австрија придонесе да заврши мечот нерешено.
Хутечек беше најефикасен во мечот со шест гола. Кај Македонија, исто толку постигна Митев.
