Драматичен број на новозаразени и активни случаи во Кавадарци, Охрид и Прилеп, откако во овие градови беше откриен новиот сој на коронавиурс.
Во Прилеп состојбата е најзагрижувачка каде за неполни три недели се заразиле 343 лица, а 70% од нив завршиле со потешка клиничка слика.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.345 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 155, Прилеп – 47, Кавадарци – 23, Охрид – 22, Куманово – 20, Тетово – 17, Струга – 10, Битола – 9, Велес, Струмица и Берово – по 7, Штип, Крива Паланка и Делчево – по 6, Неготино – 5, Дебар и Валандово – по 4, Гостивар, Кочани, Ресен, Пробиштип и Кратово – по 3, Гевгелија – 2 и Кичево – 1.
Пријавени се вкупно 8 починати лица. Починати се 5 пациенти од Скопје (94г, 81г, 79г, 78г и 76г) и по еден пациент од Куманово (66г), Гостивар (61г) и Прилеп (76г).Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.174, бројката на оздравени пациенти е 88.778, на починати е 3.018, а бројот на активни случаи изнесува 6.378.
