Драстичен пад на бројот на лица заразени со корона во Франција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Франција ќе започне со ублажување на вонредните мерки воведени поради вирусот корона за време на викендот, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој во телевизиско обраќање до нацијата рече дека властите ќе започнат со ублажување на мерките, дека продавниците, театрите и кината ќе бидат отворени до Божиќните празници и дека луѓето ќе можат да ги поминуваат празниците со останатите роднини.

Макрон истакна дека најлошото е минато кога станува збор за вториот бран на епидемијата во Франција, но дека рестораните, кафулињата и баровите ќе мора да останат затворени до 20 јануари, со цел да се избегне појавата на третиот бран.

Во Франција има драстичен пад на бројот на заразени, мртви и хоспитализирани во последните неколку дена.

Во последните 24 часа, 9.155 лица биле позитивни на вирусот корона во Франција, со што вкупниот број на заразени лица достигнал 2,15 милиони од почетокот на епидемијата, објави Министерството за здравство.

Француските власти вчера пријавија 4.452 случаи на инфекција, но познато е дека за време на викендот често се пријавуваат помалку случаи.

Денешниот број на заразени лица драстично се намали во споредба со вторникот, 17 ноември, кога беа пријавени 45.522 случаи на инфекција за 24 часа.