Жителите на тетовската населба Дреновец одат по калливи улици, без јавно осветлување и полни со ѓубре фрлено во секој агол од нивното маало. Велат дека од осамостојувањето на Македонија бараат да се среди овој пат, но никој досега не презема мерки. Според жителите, децата не можат да ги пратат ниту на училиште, додека во оваа населба поради уништената улица не може да помине ниту прва помош, ниту такси.
„Нашиот проблем е оваа улица. Поминаа 50 години од кога дојдовме, од 1990 сме овде, види, ставаат ивичњак па го тргаат. Како што гледате, патот е целосно покриен со кал, не знам ни што друго да кажам, ѓубре расфрлано, тротоарот е покриен со ѓубре, струја немаме. Ни пуштија 5 месеци и прекинаа, ако дојде гостин не може да влезе од кал“.
„Ги земаат тендерите да ја средат струјата, не ги средуваат, пари земаат и одат, кога ќе дојде следниот, нема пари и народот останува без ништо. На овој пат работат по три дена, и така 10 години“.
„Како дете, се сеќавам, каде е таа земја, таму играв фудбал, таму имаше парк, сега го наполнија со ѓубре. Најголем проблем е што сме постари, кога ќе се јавиме брза помош не доаѓа затоа што патот е полн со дупки, дефинитивно мора да ги земеш постарите да ги однесеш до патот за да ги испратиш во болница. Викаат такси, не доаѓаат оти патот е полн со дупки, во неволја сме. Ние дури и не знаеме што да правиме“.
Од општина Тетово велат дека оваа улица има проблеми со експропријација.
„Со доаѓањето на Биљал Касами на чело на општината, општината презеде конкретни чекори за реализација, но продолжуваат истите проблеми дека тие имоти мора да се отуѓат и тие имоти да ги плати општината“, вели Мемет Јонузи.
Од овој булевар поминувате до булеварот Благоја Тоска во Тетово, а таму поминувате повеќе села кои доаѓаат во правец на Јажинце. Но, се чини дека овој булевар ја има судбината како и другите булевари во Тетово кои чекаат за изградба со години.
