Дрон погоди автобус со работници во Украина, најмалку девет лица загинаа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Руско беспилотно летало погоди автобус кој превезувал вработени во една компанија во градот Марганец, во областа Днепропетровск во Украина, при што загинале девет лица, а 30 се повредени, соопштија локалните власти.

Веста ја соопшти шефот на регионалната воена управа на Днепропетровск, Сергеј Лисак, преку Телеграм, наведувајќи дека „агресорот го нападнал Марганец со беспилотно летало камиказа“, пренесе Укринформ. 

Според првичните информации, во нападите загинале седум лица, а шест се повредени, но бројот на жртвите потоа се зголемил.

Претседателот на регионалниот совет на регионот Дњепропетровск, Никола Лукашук, потврди дека цел на нападот бил автобус кој превезувал работници кои патувале на работа. 

„Русите нападнаа автобус со вработени. Цел на беспилотно летало камиказа беа цивили. Има мртви и повредени“, напиша Лукашук. Тој подоцна ги потврди конечните бројки.