Држава воведува посебни дозволи за возачи на супер спортски автомобили

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Челниците на Јужна Австралија воведуваат специјални возачки дозволи за оние кои управуваат со супер спортски возила. Поводот за ова е несреќата во која трагично настрадала малолетна девојка, а возачите на луксузните спортски автомобили ќе мораат да имаат специјални дозволи за управување на овие возила.

Софија Нејсмит во 2019 година се движела по тротоарот. Ја прегази Ламбoргини Хуракан откако возачот поради неприлагодена брзина изгубил контрола над возилото.

Засега автобусите и мотоциклите нема да бидат вклучени во ова. Се проценува дека околу 200 модели на авотмобили ќе бидат опфатени со мерката.