Државата пак ќе се задолжува кај граѓаните.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска најави дека најдоцна до средината на декември ќе биде објавена новата емисија Граѓански обврзници.
За сега нема детали, ќе се знаат откако ќе се објави проспектот.
Граѓанската обврзница, како нов инструмент на домашниот пазар, се воведе во 2023 година.
Досега се издадени 2 емисии во вкупен износ од 41,1 милион евра.
Месецов на сметките на граѓаните кои запишаа обврзници од втората Граѓанска обврзница која беше издадена на 7 ноември 2023 година со рок на достасување од 2 години и каматна стапка од 5% годишно, легнаа 17,6 милиони евра главницата и 880.000 евра за камата за втората година.
