Државната матура под знак прашалник дали ќе се одржи на 27 мај. Вчерашната средба меѓу синдикатот и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи заврши без успех. Од Синдикатот велат дека штрајкот продолжува се додека не го добијат тоа што го бараат. Емилија Бошковска, претседателка на Синдикатот, вели дека на средбата им е понудена исплата на К-15, нешто што им следува со закон а не го добиле до денес, како и линеарното покачување на минималната плата од 2000 денари за половина од вработените.
Министерот за образование Јетон Шаќири тврди дека државната матура секако ќе се одржи на 27 мај и ако има потреба ќе испратат тим за засилување за подготовка на материјалите.
„Во врска со оваа понуда Бошковска рече дека никој од надвор не смее да влегува во просториите на ДИЦ бидејќи на тој начин се нарушува веродостојноста на матурскиот испит.“, рече Шаќири.
ТВ21 побара став од Министерството за финансии за тоа дали ќе направат нови пресметки за исполнување на потребите на вработените, Од таму ни одговорија:
„Министерството за финансии во врска со барањето на вработените во Државниот испитен центар за измени на Колективниот договор упати до нив предлог решенија кои овозможуваат раст на платите на вработените. Се предлага решение со кое платите на вработените во ДИЦ да се усогласат со платите на административните службеници согласно Законот за административни службеници и законските прописи во РС Македонија.“.
ТВ21 се обиде да добие одговор и од вицепремиерот Фатмир Битиќи но од таму ни рекоа дека средбата била од затворен тип и дека нема информации за тоа што било разговарано. Од целата оваа состојба, останува под знак прашање одржувањето на државната матура а матурантите кои сакаат да студираат надвор од земјава, можно е да ги пропуштат уписите. Државната матура е предвидено да се одржи на 27 мај тогаш кога матурантите треба да полагаат по предметот мајчин јазик.
