Државниот архив со изложба на документи и фотографии по повод Денот на Републиката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По повод 2 Август – Денот на Републиката, Државниот архив претстави избор на архивски документи и фотографии од своите фондови и збирки, посветени на Првото заседание на АСНОМ и создавањето на современата македонска државност.

Од Државниот архив потсетуваат дека на 2 август 1944 година, со одржувањето на Првото заседание на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, биле поставени темелите на современата македонска држава и биле донесени клучни одлуки со кои се потврдила државотворната идеја на македонскиот народ.

Меѓу најзначајните акти од заседанието се прогласувањето на македонскиот јазик за службен јазик и усвојувањето на Декларацијата за основните права на граѓаните на Демократска Македонија, со која биле гарантирани еднаквоста и основните човекови права и слободи.

Преку изложените архивски материјали, посетителите имаат можност да видат автентични документи и фотографии што сведочат за историските настани и државотворните одлуки донесени на АСНОМ.

Од институцијата посочуваат дека изложбата има за цел да го потсети јавноста на историското значење на АСНОМ и на трајните вредности врз кои е изградена македонската државност.