Државните возила добија црвени таблици – нема повеќе патувања со службени возила за приватни цели

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Патувањата со службени возила за приватни цели им доаѓа крајот. Ова следува откако возилата на јавните служби почнаа да добиваат специјални црвени регистарски таблички. Според властите, ова е направено за граѓаните полесно да можат да пријават злоупотреби доколку официјалните возила се користат надвор од работното време или за партиски цели.

Од Службата за општи и заеднички работи на Владата информираа дека сите институции имаат рок до 15 септември да го спроведат ребрендирањето. Засега тоа не е законска обврска, барем до измените на законот.

Заменик-претседателот на Владата за добро владеење, Арбен Фетаи, изјави дека во последните две децении биле евидентирани бројни злоупотреби на службени возила за партиски активности и приватни патувања.

Некои од возилата на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност ќе бидат изземени, информираше директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.

Во Македонија има меѓу 7.000 и 7.500 службени возила, но точниот број не е познат бидејќи не постои единствен регистар. Новото правило ги опфаќа сите државни возила – од владините и општинските до оние на јавните претпријатија