По критиките дека ДУИ не назначи ниту една жена на чело на 6 ресори, на 30 август Артан Груби од партијата, вети дека жените ќе бидат застапени во останатите ешалони.
„Првиот ешалон не е единствениот, имаме заменик-министри, државни секретари и директори. Знаете дека ДУИ беше авангардна во предложување на жени“, истакна Артан Груби.
Но, сепак ова не се случи. Сите заменици-министри назначени од владејачката партија се мажи. Груби ја призна грешката.
„Ова го признавам како критика и праведно е. Јавноста сосема е во право во однос на ова. Апсолутно прифаќам. Ќе се потрудиме да го исправиме пристапот што е можно поскоро“, посочи Артан Груби.
За незастапеноста на жените Албанки во политиката, реагираше и една од членките на ДУИ, Елита Маша. Вели дека Албанките се запоставени не само како пол, туку и како квалитет.
„Со жалење велам дека ова е пропуст на ДУИ. Како консолидирана и партија со стабилни гласачи, станува збор за пропуст кој не беше очекуван и е разочарувачки. Посакувам раководството да размисли и луѓето кои ги носат одлуките и да го исправат ова. Постојат два проблема кои укажуваат на нефункционалност ана партиските органи, како што е Форумот на жени“, посочи Елита Маша.
За разлика од извршната власт, парламентарниот состав се доближува до законската квота од 40%. 43 жени освоија мандати, наспроти 77 мажи во новиот парламентарен состав, но и покрај тоа застапеноста на мажите е двојно повисока.
