ДУИ го именуваше Бујар Османи за координатор на огранокот Чаир

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Демократската Унија за интеграција „ДУИ“ го именуваше Бујар Османи за координатор на огранокот Чаир, дознава ТВ21.

Според информациите, одлуката дошла по предлог на лидерот Али Ахмети со цел „во оваа фаза да се координираат политичките процеси во Чаир“.

Ваквата одлука доаѓа по тензичниот период внатре во партијата, која е поделена во две групи. Групите се делат на оние кои се функционери во Владата и кои ги поддржува претседателот Ахмети, како вицепремиерот Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи, додека пак од другата страна е „Огнената Група“ предводена од Изет Меџити, Муса Џафери и Блерим Беџети, кои ја критикуваат работата на овие министри.

За потсетување, претходно како координатор на огранокот Чаир беше Изет Меџити.