Барањето на студентите за полагање на правосудниот испит на албански јазик е легитимно и законот е јасен во таа насока, изјави во „Клик Плус“ Фатон Положани од ДУИ.
– Сметам дека барањето е легитимно, е поддржано со закон и сè е прашање на политичка волја на власта“, рече Положани
Агрон Демири од СДСМ изјави дека 11 месеци по Законот за употреба на јазиците е донесен законот за правосудниот испит, кој, како што додаде, не предвидува на кој јазик треба да се одржи испитот, туку е утврдена можност за усогласување.
– Во тоа време, законот за правосудниот испит не утврдува на кој јазик треба да биде… Всушност, не утврдува ниту македонски ниту албански…
Тоа значи дека нема одредба за полагањето, автоматски врз основа на член 23, став 4 и 5, е утврдена можноста за усогласување. Јас сум правник, кога се усогласува закон, нема потреба од комисии-рече Демири.
Алби Ќамили од ВЛЕН информираше дека е формирана експертска група во рамки на Владата и наскоро ќе има одржливо решение во однос на испитот. На прашањето за временска рамка, Ќамили изјави дека тоа нема да трае 20 години како во времето на ДУИ.
– Формирана е работна група, експертска група во рамки на Владата, а еден од членовите на оваа група е и професорот по уставно право, правниот експерт Јетон Шасивари“, изјави Алби Ќамили.
Да потсетиме дека претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на ТВ21, изрази резерви во врска со иницијативата правосудниот испит да се полага и на албански јазик, нагласувајќи дека во правото суштинска е точноста на јазикот и јасноста на изразувањето.
